25 Април, 2024
0.0277

Владата му доделува државна помош на ТЕ-ТО, фирма под истрага за перење пари

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Владата му доделува државна помош на Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО. Информацијата е усвоена на 160 седница на Владата која е одржана на 22 октомври, а детали за тоа дополнително не беа објавени. ТЕ-ТО е впрочем гасната централа за чие работење и активности се води истрага во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако во јуни годинава Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување, но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. 

Од Владата и покрај нашето инсистирање, од вчера до денеска, до објавување на текстот не соопштија по кој основ му доделуваат државна помош на ТЕ-ТО и за колку пари станува збор. Не објаснија ниту како може да се додели државна помош на друштво за кое се води истрага и дали компанијата ги исполнува сите услови за доделувањето на помошта. Се поставува прашањето дали Владата ги има сите информации за друштвото и како му ја доделила помошта. Одговор не добивме ниту од ТЕ-ТО и покрај тоа што се обративме и таму.

ТЕ-ТО инаку моментно е најголем должник во државата кон Управата за јавни приходи, а како што пишувавме, од оваа институција како даночна тајна ги третираат начините за тоа како се обидуваат да ги наплатат парите од даночниот долг. Фирмата на државата и должи 998 милиони денари или над 16 милиони евра данок на добивка. Долгот е наталожен и тоа по овој основ и покрај тоа што фирмата беше во стечај. Во планот за реорганизација компанија всушност направи отпис на побарувања кои потоа беа прокнижени како добивка. 

Токму за стечајот цела година реагира скопска Топлификација која е акционер во ТЕ-ТО и на која од стечајот според Финсиската полиција и е нанесена штета од 720 милиони денари. 

„Со инкриминирани поведенија, пријавените овозможиле ТЕ-ТО да се стекне со противправна имотна корист преку стечај и неможност да ги плати обврските по правосилна судска пресуда со што и нанеле штета на акционер доверител Топлификација АД од 721.683.587 денари. Заради постоење на основи за сомнение злупотреба на службена положба и лажен стечај, а поради постоење на финансиски транскациии кон ТЕ-ТО во износ 7 милијарди 264 милиони 250 илјади денари кои потекнуваат од кривични равни настани за кои се водат истраги од Руска федерација, а се вложени во изградба на производствен процес за производство на електрична енергија, постои основно сомнение за сторено кривично дело перење пари, изјавија од Управата за финансиска полиција во јуни. 

Инаку Владата им доделува финансиска помош на домашни и странски компании, но за тоа има и услови кои треба да се исполнат. Покрај склучениот договор, компаниите треба да достават уште неколку документи, како што се годишна сметка и финансиски извештај за претходната година и консолидирана годишна сметка и консолидиран финансиски извештај за претходната година, доколку деловниот субјект составува и објавува ваков вид на извештаи, потврда од Централен регистар на Република Македонија дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка, не постара од 60 дена. 

Дали ТЕ-ТО ги исполнил сите овие услови одговор треба да дадат од Владата. Во меѓувреме се чека обвинението од Обвинителството. Оттаму за Фактор пред три дена изјавија дека по пат на меѓународна правна помош надлежниот обвинител обезбедил и дополнителни информации, кои сега се анализираат. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ