18 Мај, 2024
0.2486

Владата се јавувала кај стечајниот управник за да ги смири вработените на „Охис“

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Владини претставници се јавувале кај стечајниот управник кој го води случајот со „Охис“ за да им пшотврдат на поранешѓните вработени дека ќе добијат дел од парите од продажбата на комбинатот.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за инвестициската клима Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, остварија средба со претставници на поранешните вработени од Охис, кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка.

Владините претставници и претставниците на вработените констатираа дека стечајната постапка на Охис е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во којшто Владата немала ингеренции и не била инволвирана. 

„Согласно добиените информации од стечајниот управник, средствата кои се префрлени за купо-продажба на Охис, во периодот кој следи ќе се распределат на доверителите, каде што спаѓаат и поранешните вработени врз основа на донесени решенија на Судот за утврдени побарувања“, одговорија од Владата.

Вицепремиерот и министрите им порачаа на вработените дека Владата не се меша, ниту ќе се меша во судски одлуки, а по коментарите дека кај вработените постојат сомнежи дека во минатото се правеле злоупотреби на службената должност и се оштетувал имотот на Охис, а со тоа и имотот на државата, ги охрабрија сите евентуални злоупотреби и сомнежи да ги пријават и споделат со државните органи кои спроведуваат истражни постапки.

„Хемиски инженеринг", фирма од Скопје е новиот сопственик на дел од имотот на ОХИС, без имотот што досега бил продаден во извршни постапки. Цената платена за тој дел од имотот била 7,1 милиони евра, без ДДВ.

 Постапката на продажба ја водеа Собранието на доверители и стечајниот управник

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа