09 Мај, 2024
0.0268

Владата најави сет мерки за компаниите кои ќе испорачаат раст за Македонија

Објавено во: Економија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата утре ќе ги објави сетот мерки наменети за економијата. 

Oва денеска го најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Мерките се за  компаниите кои можат да испорачаат раст и прогрес на Македонија. 

Тие содржат три главни столба, ќе бидат подеднакво наменети и за домашните и странските инвестиции, а главен критериум ќе биде резултатот од работењето. 

„Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети“ - рече Анѓушев.

По исти  критериуми ќе бидат поддржани сите инвеститори. 

„Првиот столб на поддршка ќе биде гринфлд и браунфилд инвестиции, во ТИРЗ или надвор од нив. Компании што веќе работат и ќе бидат помогнати за тие и понатаму да инвестираат и растат. Третата група ќе бидат т.н. таргетирани компании, а четвртата компаниите кои се во стечај и ликвидација и нивно рестартирање“ - вели Анѓушев.

Вториот столб е практично за поддршка на извозот. Поддршката ќе биде поголема како се зголемува инвестирањето.

„Предвидено е секоја компанија која ќе го зголеми својот извоз во фискалната година што се анализа во споредба со претходните три години ќе биде поддржана на начин што ќе има процент на поврат на нивните инвестиции што ги направиле за растот на тој извоз“ - рече Анѓушев. 

Третиот столб ќе биде наменет за мали и средни претпријатија каде има цел сет мерки, а некои се направени по израелски пример.

По објавување на мерките ќе биде отворена дискусија со стопанските комори, финансиски институции, МАНУ, универзитетите и сите кои ценат дека можат да придонесат пред тие да бидат донесени. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување