19 Мај, 2024
0.0261

Владата ќе потроши 52.000 евра за нов стилски мебел!

Објавено во: Економија, Финансии 22 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Во стилот на Луј  XV и 30-тите години Владата ќе се подновува со нов мебел.

Како што пренесува Вест, а е објавено на  страницата на Бирото за јавни набавки Владата распишала оглас и ќе набавува мебел и на теписи за владината зграда.

За таа цел се планира да се потрошат  52.000 евра.

Според тендерската спецификација, како мебел за одмор треба да се набави една маса, со можност за пуштање, во француски стил од периодот на Луј XV . Тоа е француски рококо стил од првата половина на 18 век, поточно од 1720 до 1760 година. Во огласот се нагласува дека ногарките треба да се изработени од масивно дрво, со карактеристична горна заоблена и исфрлена кон надвор форма во истиот стил. За масата ќе се набават и 12 столови кои треба да бидат во стилот на '30-тите години, иако не е точно наведено на кој век се мисли. Како мебел за одмор ќе се купуваат и аголна гарнитура, фотелја и клуб-маса во модерен стил , пишува Вест.

Пред еден месец беше објавено дека  дополнителни 217 илјади евра ќе се потрошат за барокната фасада на владата. Владата се украси и со нова барокна ограда која чинеше 700 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа