14 Декември, 2025
0.3883

Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2023 20:49

Добивај вести на Viber

Вучиќ само драми, не нуди решение, вели косовската претседателка Вјоса Османи. 

Османи изјави дека вонредни локални избори на северот може да се распишат ако 20 отсто од гласачите тоа го побараат со потпишување петиција.

Таа за агенцијата Ројтерс изјави дека петицијата е „најдемократскиот начин“ за организирање нови избори.

„Мислам дека на овој начин ќе осигуриме учество на Србите, бидејќи барањето мора да дојде од нив, од граѓаните“, кажа таа.

Османи наведе дека смената на актуелните градоначалници преку петиција би било „како референдум“. Вели дека целиот процес би можел да биде завршен за неколку месеци.

Меѓутоа, не е јасно дали локалните српски гласачи би учествувале во петицијата, наведува Ројтерс.

Османи додаде дека пред распишувањето нови избори, Косово мора да добие гаранции од меѓународната заедница дека Белград нема да се меша.

Османи минатата недела во Молдавија се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на состанок организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Таа претседателот на Србија го опиша како „крал на драмата“.

„Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата. Така што, нормално, се обиде повторно да направи доста драма, но не изнесе ниедна идеја која би придонела на мирот и стабилноста во регионот“, кажа Османи. 

Додаде дека тие напади на бес, Вучиќ требал да ги надмине. 

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека може да го прошири нацртот на својата визија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. Сепак, прво мора да се согласат сите партии за тоа.

Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) ѝ се закануваат на Приштина, да ги исполни барањата на Србите или ќе има последици.

Тие ѝ порачаа на Приштина да попушти во спорот со Србите на северот на Косово или ќе се соочи со последици. 

foto Facebook/Vjosa Osmani

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството