19 Декември, 2025
0.0953

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2023 14:50

Добивај вести на Viber

Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) ѝ се закануваат на Приштина, да ги исполни барањата на Србите или ќе има последици.

Тие ѝ порачаа на Приштина да попушти во спорот со Србите на северот на Косово или ќе се соочи со последици. 

Насилства имаше откако косовските власти во општинските згради насилно инсталираа  градоначалници Албанци, со помош на полициски специјалци. Градоначалниците Албанци се избрани со излезност од само 3,5 отсто откако Србите ги бојкотираа локалните избори.

Американскиот претставник за Западниот Балкан Габриел Ескобар кажа дека Косово мора да им даде поголема автономија на општините со мнозинско српско население доколку сака да се приближи до членство во ЕУ и НАТО.

Вашингтон минатата недела го откажа учеството на Косово во воени вежби предводени од САД. За косовските власти ова е нефер. Но, Косово може да се соочи со серија казнени мерки. Србите бараат да се формира Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северот. 

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека треба да се распишат избори на северот на Косово. Тој до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, доставил нацрт документ за Заедницата на српски општини. Со неговиот предлог се запознаени и претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, како и американската страна. Србите често се мета на напади на Косово. 

foto freepik.com/Kajikom

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен