19 Мај, 2024
0.0321

Витаминка започна со производство на маслото Брилијант

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Витаминка, по преземањето на штипски Брилијант го рестартира производството на познатиот бренд. За таа цел, во погоните во Штип повторно се ангажирани околу 70 поранешни вработени.

Новопроизведениот Брилијант е висококвалитетно тројно рафинирано масло за јадење. Произведено е на современа и технолошки модерна опрема од германско потекло што ја прави фабриката во Штип единствена на Балканот со три рафинатори во производниот процес со капацитет на рафинираторот од 150 тона дневно или 39 илјади тони годишно.

Со рестартирањето на производството на Брилијант, Витаминка влезе во нова фаза од своето работење и отвори нови перспективи во развојот на компанијата. Покрај обезбедувањето на суровинска база за потребите на производството, новиот Брилијант значи и висококвалитетен производ единствен по составот, чистината и технолошкиот процес достапен за граѓаните. Така, оваа инвестиција добива многу поголемо и пошироко значење а за Витаминка ќе значи пред се подобрена деловност и можност за растење“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Новиот Брилијант ќе биде достапен со препознатливиот изглед, но помодерен, со мал редизајн на етикетата.Витаминка, со неодамнешното потпишување на купопродажниот договор се стекна со сопственост на целиот недвижен и движен имот на штипскиот производител и правата од индустриска сопственост, што вклучува трговски марки и индустриски дизајн.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО