16 Мај, 2024
0.0490

Витаминка е семејно одговорна компанија

Витаминка воведе 3 месеци плус скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

- Одборот на директори на Витаминка изгласа бенефиции во интерес на своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Според оваа новина вработените во Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Ваквата практика на Витаминка е резултат на трајната заложба за континуирано подобрување на условите за работа на своите вработени, нивната благосостојба и постигнувањето добар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. За вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи, но пред сè усогласување на деловните и обврските како родител.

Со овој чекор е опфатен добар процент од нашите вработени кои би очекувале принова или планираат проширување на семејството и верувам дека тоа значително ќе придонесе за зголемување на нивното задоволство како вработени во компанија каде искрено се цени и вреднува секој индивидуалец и неговиот придонес. Ова е само една од повеќето измени што ги имплементираме сукцесивно во текот на последните неколку години, посебно во делот на подобрување на благосостојбата на вработените, зголемување на личниот доход и бенефициите од работењето. Досега на многу начини покажавме како компанија дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од големото семејство на Витаминка. Исто така, верувам дека овој наш чекор ќе придонесе за подобрување на општата перцепција на функцијата на жената и мајката во нашето општество“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Моментално во Витаминка има 690 вработени од кои 350 се жени во различни годишни возрасти. Со зголемувањето и подобрувањето на работничките права Витаминка е компанија што предводи во воведување промени со кои на различни начини го стимулира задоволството и го подобрува статусот на своите вработени. А во однос на грижата и за семејства на вработените, влегува во таканаречениот сегмент на семејно одговорна компанија што е новост кај нас.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“