19 Мај, 2024
0.0362

ВИТАЛИА СЛАВИ ЧЕТВРТИНА ВЕК ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Виталиа, брендот кој несомнено асоцира на хуманост, општествена одговорност но пред сè, брендот кој е најзаслужен за креирање јавна свест околу потребата од здрава исхранакако начин на живот и превентива, слави четвртина век од своето постоење. Виталиа е пример за успешна приказна како од идеја се стигнува до глобален бренд преку истрајност, следење на светските трендови за производство на здрава храна и секојдневна, непрестана борба против стереотипите во исхраната и лошите диететски навики.


Во што е тајната?

„Виталиа започна како семеен бизнис и неговите почетоци се тесно поврзани со визионерската идеја на  мојот татко Никола кој на свои  52 години, храбро се одлучува да започне бизнис кој во тоа време претставуваше сосема нов и непознат сегмент на пазарот. Инспириран и охрабрен од неговиот 7 годишен престој во Германија, ја започнавме приказната на Виталиа која денес бележи 25 години јубилеј. Самоуверено продолжуваме со нашата  мисија преку креирање на иновативни здрави продукти да им овозможиме здрави прехранбени навики на потрошувачите ширум светот каде овој македонскиот бренд, е нивен бренд од доверба“ изјавипред присутните на јубилејниот настан Искра Ветаџокоска Муцунска-косопственик на „Виталиа".

„Горд сум на брендот што го создадовме, горд сум на квалитетот и иновативноста што ги остваривме, горд сум на стручноста и лојалноста на нашите бројни вработени.“-изјави, Никола Ветаџокоски – основач на Виталиа.

„Континуирано инвестираме во производните процеси, модерни технологии  и ги имплементираме сите релевантни стандарди за контрола на квалитетот со што го осигуруваме зголемувањето на домашните производствени капацитети и инвестирање во нови надвор од нашата државасо цел јакнење на довербата во брендот и на меѓународните пазари“ - изјави, Димитар Ветаџока – косопственик на овој македонски бренд.


По 25 години на македонскиот но и светскиот пазар „Виталиа" е цврсто етаблиран бренд чија визија е дапродолжи да создава здрави производи со проверен квалитет, креирани според современите потреби на потрошувачите. Да продолжи да биде најверен пријател на децата, студентите, постарите, на сите генерации но и на оние соспецифични потреби во исхраната, при тоа промовирајќи  подобар и поквалитетен живот со вкоренети здрави навики.

Основачите со насмевка тврдат дека ќе продолжат да чекорат по патот на успехот, исполнет со работа, ентузијазам и страст. Тие ќе продолжат да ја остваруваат својата мисија да останат општествено одговорна компанија, која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.


Производите на „Виталиа" се извезуваат во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели...

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот „Виталиа" е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Aldi, Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада. 



Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата