19 Мај, 2024
0.0352

ЛОШО ИМ СЕ ПИШУВА: Високата цена на нафтата ќе ги погоди директно профитите на оваа индустрија

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Водечките авиокомпании предвидуваат пад на добивката во секторот во 2018 година, поради зголемувањето на цените на нафтата, зголемувањето на каматните стапки и зголемувањето на геополитичките тензии. Авиопревозниците предупредуваат дека ова ќе создаде ризик за нивното работење, објави Ројтерс.

Кои се очекувањата?

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), која ја сочнуваат 280 авиокомпании, предвидува дека годишниот профит на индустријата ќе изнесува 33,8 милијарди долари, што е намалување за 12 отсто од претходната прогноза за профит од 38,4 милијарди долари. Очекуваат просечниот приход по патник да се зголеми за 3,2% оваа година. Ова ќе биде првото зголемување во оваа категорија од 2011 година, трендот што се должи на растот на светската економија.

Александре де Жујнак, главен директор на IATA, ја утврди 2018 година како "тешка", но според него компаниите во секторот оперирале успешно. Ова го изјавил тој за време на годишната конференција на асоцијацијата, додавајќи дека голем дел од падот на профитот е предизвикан од високата цена на нафтата.

Очекувањата на организацијата се просечната цена на нафтата во 2018 година да достигне до 70 долари за барел, додека во 2017 година таа била 54.9 долари. Во моментов тоа е околу 75 долари, неодамна помина кратко и 80 за барел за типот Брент.

Загриженост за геополитичката ситуација

Добивката на авиокомпаниите би ги покрила високите капитални трошоци во индустријата за 4 година по ред, ако групите во секторот продолжуваат да привлекуваат инвестиции за спроведувањето на летови до нови дестинации и изградба на инфраструктура. Меѓутоа, ситуацијата во секторот е напната, забележува IATA.

Жујнак предупреди дека најверојатно превозниците ќе бидат погодени од ефектите на "властите кои водат протекционистичка политика", без да посочи конкретно на кои влади мисли.

"Не проценуваме сериозен пад на патниците или на товарот поради трговскиот напон, но ако тоа продолжи - ќе има негативни последици за бизнисот", рекол тој.

Во моментов САД и Кина се закануваат со воведување на царина за стоки во вредност од 150 милијардид олари, а во меѓувреме од Европската унија (ЕУ) се изјаснија против царините на Вашингтон врз алуминиумот и челикот. Покрај тоа, Велика Британија планира да стави крај на своето членство во ЕУ, што претставува ризик за групите во индустријата.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа