05 Мај, 2024
0.0263

Виртуелниот свет на HTC Vive ексклузивно достапен во Телеком

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и компанијата HTC денеска го претставија револуционерниотинтерактивен VR систем- HTC Vive, овозможувајќи им на корисниците да доживеат неверојатно искуство на виртуелна реалност.  Посетителите  во Телеком Иновативниот центар имаа уникатна можност да ја пробаат најновата верзија на VR системотна HTC, кој што обезбедува уникатно искуство на виртуелна реалност, односно свет во кој единственото ограничување е човековата имагинација. Како револуционерно достигнување, HTC Vive  системот е победник во категоријата на VR уреди на Асоцијацијата EISA (European Imaging and Sound Association) за 2016-2017 година, којашто ги оценува квалитетот и иновативноста на производите од електроника за широка потрошувачка.

 „Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот постојано ги следи светските достигнувања и на корисниците им овозможува врвни иновативни искуства, со воведувaње на револуционерни услуги и уреди. Посебно нè радува што во соработка со HTC,нашите корисници денеска имаат можност први да го испробаат најновиот VR уред, кој што дефинитивно го менува начинот на комуникација и интеракција со светот. Веруваме дека VR системотна HTC, кој што е единствен по своите перформанси, освен за забаваќе најде поширока примена во секојдневниот живот и во различни деловни области“, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и Корпоративни комуникации во Македонски Телеком.


HTC Vive  овозможува потполна контрола на движењето на корисникот во просторот од 360 степени, истражување на предметите од сите нивни страни и потполна интеракција со околината, поставувајќи притоа нов стандард во креирањето на инспиративна виртуелна реалност. Секоја поединечна компонента од новиот уред HTC Vive Pre е комплетно редизајнирана за да обезбеди поголема удобност, ергономија и перформанси. Со овие клучни подобрувања,HTC го потврди своето ветување, при најавата на уредот минатата година, за создавање на фасцинантни искуства коишто го менуваат начинот на кој комуницираме, се забавуваме, учиме и се обучуваме.

„Денес сме во можност за прв пат да го претставиме овој револуционерен систем на виртуелна реалност на македонската јавност, кој е дело на HTC и Valve со нашиот партнер – Македонски Телеком. Можностите за движење и контрола во просторот, претставени преки игрите и апликациите, нудат  примена на уредот и во други сфери на животот, освен за виртуелната забава. Уште отсега можеме да ја предвидиме примената во медицината, туризмот, како и индустрискиот дизајн, со оглед на појавата на голем број нови и интересни апликации од Steam. Наскоро ќе бидеме во можност да се нурнеме во светот на далечните острови и  мориња, да се прошетаме низ човечкиот организам, да ја откриеме површината на планетите или пак да го составиме својот совршен автомобил“, изјави Николај Нанков, регионален менаџер од HTC.

HTC Vive нудикомплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига)со вградена камера и телефон. Опремата овозможува и т.н. хибридна реалност, која отвора нов свет на можности, при што корисниците можат да примаат и да одговараат на пропуштените телефонски повици, да читаат пораки, да праќаат брзи одговори и да го проверуваат својот календар директно преку ВР кацигата.  

Освен за забава, најновиот HTC Vive Pre се очекува да стане применлива алатка во деловниот свет, односно да најде поширока употреба во науката, образованието, медицината, туризмот, инженерството, креативните индустрии итн.

Корисниците на Македонски Телеком коишто сакаат да го истражат  виртуелниот свет, можат да  закажат сопствена HTC Vive авантура во Телеком Иновативниот центар на www.telekom.mk/HTCVive.


ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА HTC Vive

  • Oвоможува поголема компактност и удобност

Обновениот дизајн на уредот Vive е доусовршен за да му понуди на корисникот поголема удобност и чувство на целосно претопување во виртуелните светови. Уредот е покомпактен и со понов дизајн на механизмот на кацигата којшто обезбедува поголема стабилност и баланс. Подобрениот визуелен систем со посветли дисплеи и усовршени слики допринесува за поголема јасност и уште поизразено чувство на присутност. Внатрешноста на кацигата со додатоците од пена и лежиштата за носот, Vive Pre го чинат удобен и безбеден за носење за корисникот. Vive Pre исто така може лесно да се прилагоди на разновидни форми на лице, при тоа задржувајќи ја компатибилноста и со разновидни форми на очила.

  • Интегрираната предна камера овозможува претоп на физичкото со виртуелното

Vive Pre ги внесува елементите од реалниот свет во светот на виртуелната реалност. Најновата предна камера овозможува, како во виртуелниот така и надвор од него, да можете да делувате по пат на спој на физичките елементи во виртуелниот простор. Така, можете да седнете, да го најдете вашиот пијалак и да водите разговор без да го отстраните уредот.

  • Поголема контрола

За комплетно виртуелно искуство, контролните делови на Vive уредот исто така се изменети со понапредна ергономска форма и меки рабови, за поголема стабилност. Копчињата се со нова текстура и рачки за поудобно чувство на раката. Новиот дуален тригер ја прави интеракцијата со објектите полесна, а тактилниот фидбек овозможува витален фидбек на интеракциите во виртуелниот свет. Во однос на напојувањето, контролорите сега имаат интегрирани батерии од литиум полимер што можат да се полнат со микро-USB полнење коешто овозможува активност од 4 часа со само едно полнење.

Базните станици на Vive исто така беа редизајнирани за да бидат покомпактни, потивки и да обезбедат подобро следење. HTC Vive има две базни станици(собни сензори) кои можат да се постават на ѕид или горна полица и коишто го следат и мапираат движењето во просторот во 3Д.На тој начин се спречува излегувањето од зоната за движење во ВР поставена во домот. Наместо да се сопнеме од некој предмет, се појавуваат ѕидовите од сина мрежа кои укажуваат на просторните граници на зоната за движење. 

  • Комплетно решение

HTC Vive е првиот хардвер за виртуелна реалност што поддржува SteamVR. Креирани од Valve, Steam VR следењето и Chaperone системот се оптимизирани за употреба со Steam, една од најголемите онлајн платформи за PC, Linux и Mac игри и софтвер.

  • Пробив на виртуелната реалност во светот на науката и бизнисот

Од најавата на Vive, HTC и Vаlve работеа со илјадници развивачи и партнери за да создадат ВР содржина во рамките на широк спектар на сектори; од игри и забава до здравство, автомобилска индустрија, малопродажба и образование. Водечкиот производител во автомобилската индустрија Audi создаде врвно малопродажно искуство при кое корисниците можат да ги истражуваат автомобилите од своите соништа со помош на виртуелната реалност, а Dassault Systèmes, попозната како компанија за 3Д ИСКУСТВО, ја користи виртуелната реалност за приказ на развојот на иновации и дизајн на производи од разни области во 3Д. Преку Уредот HTC Vive може да се истражуваат и виртуелно да се доживеат кујните на IKEA во реална големина.  BMW исто така веќе го воведе системот за виртуелна реалност во развојот на новите модели возила, како флексибилен, брз и ефикасен начин на тестирање и имплементирање на потребните измени.

Во моментов, портфолиото на содржини на HTC VIVE вклучува околу 100 предлози, меѓу кои се и следниве апликации за виртуелната реалност:  Onion Rooms, Architects Home, VR Kitchen, WQW VR Show Hom кои даваат можност за истражување, симулации и презентација на производи од областа на архитектурата, дизајнот, уредувањето на домот и сл. Automotivе customization пак е прилагодлив интерактивен систем за истражување на внатрешноста на вашиот автомобил, со кој можете брзо да се префрлувате од еден во друг стил и модел и да направите споредба. Можете да седнете во 3-димензионална позиција за возење, за целосно доживување и разбирање на автомобилот кој сакате да го купите.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ