18 Мај, 2024
0.0318

Виртуелниот гас во Струмица може да биде урнек за цела Македонија!

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Природниот гас потече во Струмица. Таа е прва општина во Македонија која сама го реши гасифицирањето, прва системски гасифицрана општина. Струмица е гасифицирана со т.н. виртуелен гасовод. Проектот гасификација се реализираше по примерите од Јужна Америка и од Бугарија. Природниот гас добар сигнал за странските инвеститори Првиот човек на општината, градоначалникот Зоран Заев смета дека придобивките од гасифицирањето на општината се огромни. „Една од причините кога инвеститорите носат одлука да инвестираат токму во Струмица е и природниот гас. Кога доаѓа инвеститор, нему не му е важно само дали ќе добие ефтино земјиште ослободено од комуналии, или данок на добивка оти е 10% или персонален данок оти е 10%. Најважен дел е кои му се тие секојдневни трошоци во идниот производствен погон. Енергенсот е еден од најсилните трошоци на секој производствен погон. Токму од тие причини во слободната зона „Сачево“ имаме 17 компании, 7 странски 10 домашни. До „Агрокор“ каде што е изградено веќе се продадени парцели на нови 12 купувачи, каде што ќе се градат производствени погони, сервиси, стоваришта и сл. И конечно ова е доказ колку е атрактиевн природниот гас како ефтин енергенс и колку значи за инвестициите во нашата економија“, вели Заев. Гасот се носи од Бугарија со специјални цистерни Досега е изградена гасоводна мрежа во должина од 13 километри, декомпресиска станица, монтирани се 12 мерно-регулаторни станици и комплетно се преадаптирани котларниците во сите институции што се под надлежност на општината. Гасот во Струмица се носи со специјални цистерни од Бугарија во компресирана состојба. На местото каде што некогаш се наоѓала депонијата во Струмица, сега е направена базната станица за природниот гас..Таму пристигнуваат цистерните со гас  во таканаречени „мат модули“. Гасот оди во декомпресиската станица, а потоа се дистрибуира до корисниците, домаќинствата, индустриските капацитети, општинските институции. Финасиска заштеда од 7 милиони денари На гасоводната мрежа се поврзани 14 големи потрошувачи. Училиштата основни и средни, градинките и општинската зграда, веќе се загреваат со природен гас. Финансиските заштеди се огромни.. „Во Струмица од она што досега е мерливо. Почетокот на грејната сезона е 15 октомври, ние направивме мерење на 30 ноември, значи после 45 дена и го споредивме со историските податоци кои што ги имавме за греење на основните училишта, средните училишта, детските градинки, библиотеката, општинската зграда, сите наши иснтитуции кои се финасираат за греење од нашиот општински буџет, лани до 30 ноември имавме потрошено 7 милиони 800 илјади денари за греење, сега за истиот период оваа година имаме потрошени само 850 илјади денари, преку 85% заштеда. Според мое убедување сите параметри покажуваат дека до 2020 година, Македонија, ќе нема национален гасовод, а Стумица до 2020 година ќе постигне заштеди на годишно ниво од преку 25 милиони евра, пари кои остануваат овде и кои ќе се употребат за развој“, вели Зоран Заев градоначалник на Струмица. Приклучок на природен гас - 700 евра За функционирањето на гасоводната мрежа, општината формираше и Јавно претпријатие, Струмица гас. Директор на ова ЈП е Зоран Китанов. „Основното е приклучокот. Приклучокот е 700 евра со ДДВ за домаќинствата и во тој приклучок е предвиден мерно - регулационен сет што се става пред било која куќа и цевка со ископ во должина од 12 метри, која се прави специјално за гасот. Тоа е минимумот што може да биде околу цената за приклучокот. Останатото околу цената на гасот, знаете дека цената ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и кога ние ќе добиеме од нив цена, а во тек е таа процедура, тогаш ќе можеме да ја дадеме крајната цена до потрошувачите“, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Струмица Гас. Инаку, функционирањето на целиот систем во ист момент се гледа и во Аргентина, така што било што и да се случи, тие од таму може да ја управуваат автоматиката, дури и да нема дежурна екипа, во Струмица. Домаќинствата доставуваат барања за приклучок Сите институции кои се под капа на општината веќе ги користат придобивките од гасификацијата. Во моментот се гради секундарна мрежа во должина од седум километри, а веќе напролет се очекува да има 20 километри гасоводна мрежа. Заинтересираните домаќинства и индустриски капацитети веќе доставуваат барања за да се приклучат на гас и своите капацитети или домови да ги приспособат на природен гас... Звонко Трбогазов е жител на Струмица кој веќе има поднесено барање за природниот гас да потече и во неговиот дом. „Сега се греам на струја, но затоплувам само две соби, планирам со природен гас да ја загревам целата куќа околу 100 квадрати. Најголема ќе биде добивката на семејниот буџет“, ни изјави Звонко Трбогазов, жител на Струмица Целиот проект гасификација, Струмица ја чинеше околу два милиони евра. Автор Мишко Иванов, 24 вести, Фото: Југо инфо  

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза