19 Мај, 2024
0.0311

Вип го има најдобриот менаџер за човечки ресурси

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација за човечки ресурси го прогласи Стефан Јовановски од Вип за најдобар менаџер за човечки ресурси за 2016 година. Во истражувањето што го спроведува македонската асоцијација  за човечки ресурси, менаџерот на Вип е прогласен за најдобар во конкуренција на голем број домашни компании. Според асоцијацијата, Јовановски својата 20 годишна кариера ја градел постепено, соочувајќи се со низа предизвици особено минатите години откако стапи спојувањето на трите компании и нивните професионални кадри. Оценет е како менаџер кој во овој период успеал да одржи работна атмосфера и да креира мотивирачка работна средина за вработените.  

“Голема чест, но уште поголема одговорност е да се носи титулата најдобар менаџер за човечки ресурси особено пред моите илјада колеги за кои безрезервно тврдам дека се едни од најдобрите на пазарот на труд во Македонија. Без нив и особено моите колеги во одделот немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем и да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме. Продолжуваме да го следиме чекорот со трендовите и да ги применуваме најсовремените алатки за управување со човечки ресурси во нашата компанија.”, изјави Стефан Јовановски, менаџер за човечки ресурси во Вип.

“Оваа награда е уште една потврда за стратегијата на Вип да ја негува корпоративната култура која се потпира на почитување на тимот и тимските вредности како основа во секоја сфера на работењето. Професионализмот и трудот кој вработените го вложуваат во секојдневното извршување на обврските ја подигаат вредноста на компанијата што секако е препознаено и од пошироката јавност. Инвестициите во развојот на човечкиот капитал останува наша заложба и во иднина водени од фактот дека компанијата се луѓето односно нејзините вработени”, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.

Наградата за најдобар менаџер за човечки ресурси се доделува секоја година во рамките на меѓународната конференција за човечки ресурси.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст