19 Мај, 2024
0.0919

Vip е првата компанија во Македонија која воведе еФактура со дигитален електронски потпис

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2019

Добивај вести на Viber

– Телекомуникациската компанија Vip успешно воведеелектронска фактура со дигитален потпис, уште еден проект со кој ја засилува дигиталната трансформација во општеството. Имплементацијата на проектот е во соработка со македонската компанија Некстсенс.  Со употреба на Nextsense Signing Server се овозможи дигитално потпишување на електронските фактури. Освен за оваа намена, решението за дигитално потпишување на Некстсенс, преку интеграција со други компаниски системи, ќе овозможи и аплицирање на дигитален организациски печат и/или временски жиг и во други апликации кои користат дигитални документи.

Решението за  дигитален електронски потпис на месечната сметка за комуникациски услуги им  овозможува на бизнис корисниците на Vip да добиваат фактури со гарантирана автентичност, интегритет на содржината и еднаква легитимност како и печатените фактури кои ги добиваа досега. Ова решение е целосно во согласност со Законот за ДДВ член 53-б и овозможува ефикасно книжење и евиденција на сметките и на документацијата за компаниите.

“Како компанија сме постојано насочени кон обезбедување на подобро корисничко искуство, што во овој случај резултира со заштеда на време за компаниите со што истите можат да ја подобрат својата ефикасност. Дополнителна придобивка од електронската сметка е можноста за лесна навигација низ различните сегменти на фактурата и до прегледот на услуги за секој мобилен или фиксен претплатнички број”, изјави Димитар Димитров, Директор на одделот за грижа за корисници во Вип.

Како членка на Телеком Австрија Групацијата, која опслужува над 25 милиони задоволни корисници во осум земји во Европа, Vip e меѓу првите компании со целосно дигитализиран процес кој ги инкорпорира сите неопходни стандарди и закони релевантни за дигитални документи.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата