Добивај вести на Viber
Од 12-ти до 15-ти декември на Скопски саем, посетителите четири дена ќе имаат можност да дегустираат различни видови вино од македонските визби, но и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите во земјава како дел од манифестацијата „Вински фестивал 2012“.
Програмата предвидува попладневни ди-џеј забави од 17 до 21 часот секој ден кои потоа продолжуваат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена.
Како што информираше проект-менаџерот Иво Ивановски, ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот ред во служење, правилниот начин на отворање на шишињата, протоколот во винскиот сервис и соодветното комбинирање на одреден тип вино и храната.
На Винскиот фестивал учество ќе земат 30 компании, винарски визби и производители на млечни и месни производи, а нивниот асортиман ќе биде достапен за купување на самото место.
Цената на билетот за фестивалот е 100 денари, а со секоја купена влезница оди и гратис чаша за вино.