02 Мај, 2024
0.0258

Вината на Стоби ќе се претстават на најголемиот руски саем за вино

Објавено во: Агробизнис 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Од денеска па до 15 февруари, во рамки на најголемиот руски саем за вино Prodexpo, винарницата Стоби ќе ги претстави своите вина. Како што информираат од винарницата, рускиот саем за вино има осумнаесетгодишна традиција и досега се покажал како најефикасен начин за промовирање производ во големата Русија, како и во цела Југоисточна Европа. „Винарницата Стоби по втор пат е присутна на големиот Podexpo, саем кој за нас претставува одлична можност за промовирање на нашето вино, што подразбира промоција на винскиот бренд на голем број пазари не само во Европа, но и низ светот. Да се биде дел од овој саем за нас претставува развој на својата бизнис-мрежа, соработка со врвни компании од винскиот сектор, размена на искуства и пред сè, понуда на квалитетно македонско вино.На овој саем, кој всушност, е најголемиот руски саем за пијалаци, храна и сурови прехранбени производи, ќе бидат застапени повеќе од 2.000 изложувачи, од Русија, Централна и од Југоисточна Европа“, изјави Јадранка Клариќ-Кимовска, комерцијален директор на винарницата Стоби. Саемот Prodexpo во текот на петте саемски дена, од 11 до 15 февруари, во просек го посетуваат од 50 до 60 илјади посетители, меѓу кои специјалисти за храна и пијалаци, производители, сопственици на синџир од маркети,дистрибутери и слично. Присуството на саемот во Русија е поддржано и во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, заедно со Македонско-руската стопанска комора.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?