(Видео) ЗЕМЈОТРЕС НАПРАВИ ПУСТОШ ВО ТАЈВАН: Стотици затрупани и загинати
Објавено во: Свет 06 Февруари, 2016
Силен земјотрес сруши стамбен коплекс составен од четири шестаесеткатници во Тајван. Во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер, загинаа најмалку седум лица, меѓу кои две деца.
Во урнатините се повредени 380 луѓе, а од рушевините се извлечени 230 лица.Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри јужно од градот Јуджинг
Во несреќата четири згради со над 100 станови целосно се уништени, а се стравува дека меѓу рушевините има уште десетици заробени луѓе.
Засега не е јасно колку луѓе се наоѓале во блокот. Повеќето жители се веќе во своите домови по одморот за лунарната нова година. Тајван е лоциран на границата меѓу две тектонски плочи и земјотресите на островот се чести.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cIrLYfINzH4[/embed]