(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од лавина кај одморалиште
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Гостите на скијачкиот центар Терсколу во Елбрус неодамна се уплашија кога видоа дека лавина од снег се приближува кон одморалиштето.
На снимката се гледа како огромна топка снег се движи кон градот, а авторот на видеото се простува од своите родители.
Локалниот водич Олег Кошкарев вели дека лавината се запрела на планината.
Она што стигна до одморалиштето беше огромен бел облак.