(ВИДЕО) ЗАБАВА ЗА ХОЛАНЃАНИТЕ: Се лизгаат по замрзнатите канали
Објавено во: Свет 05 Март, 2018
Во Амстердам замрзнаа каналите, а локалните жители решија да се лизгаат по нив.
Каналите се целосно замрзнати поради многу ниските температури, па луѓето ги користат како лизгалишта.
Видеа од лизгањето по амстердамските канали ги преплавија социјалните мрежи.
Ова е прв пат да се случи ова во последните шест години.
Локалните медиуми објавија дека двајца лизгачи завршија во болница откако се обиделе да се лизгаат на мраз кој не бил доволно цврст да ја издржи нивната тежина, па пропаднале во ладната вода.