16 Мај, 2024
0.0686

(ВИДЕО) Вонредна состојба во САД – Најмалку девет жртви, 1,5 милиони луѓе без електрична енергија

Објавено во: Свет 04 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Моќната бура што удри во источниот дел на САД  досега одзема најмалку девет животи, а 1,5 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Невремето предизвикало големи поплави, а забележани се ветрови од 145 километри на час.


Гувернерите на државите Масачусетс и Њујорк прогласија вонредна состојба, а претходно тоа го сторија и гувернери на Мериленд и Вирџинија.

Националната метеоролошка служба објави дека ветровите денеска се ослабени и дека постои голема веројатност високата плима да ги  погоди Мајн, Масачусетс, Роу Аленд и Лонг Аланд, објави Ројтерс.

Меѓу загинатите се и две момчиња – едното на возраст од 9 години од Вирџинија, а другото е 11-годишно од  Њујорк. Двајца мажи од Вирџинија и Њупорт загинале од пад на дрва предизвикан од олујата, додека 77-годишната жена настрадала пред нејзината куќа во близина на Балтимор.



 Новата бура која е наречена "Windmagedon", ја зафати областа од Северна Каролина до Мејн.

Фотографиите и снимките од паднатите дрвја се објавуваат во голем број на социјални мрежи.


Авиокомпаниите во североисточниот дел на САД откажаа повеќе од 2.800 летови, додека аеродромите во градот Њујорк се речиси во целосен застој.

Сојузната влада на еден ден ги затвори сите канцеларии во областа Вашингтон, соопшти американската агенција.


Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?