01 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) Во него гледа цела Америка: Најпопуларниот србин во САД после Ноле е …

Објавено во: Стил 18 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

После најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, глумецот Бранко Томовиќ е вториот популарен србин во САД, соопшти неговиот портпарол Џер Мороу.

За оние кои не знаат, Томовиќ во популарната серија „24: Живеј уште еден ден“ го глуми Белчек, експертот за оружје, десна рака на главниот херој Џек Бауер (Кифер Сејтерленд), кој се обидува да го спаси претседателот на САД.

Инаку, овој згоден српски глумец кој живее во Лондон е роден во 1980 година во Германија, а студирал глума на престижниот Театарски институт „Li Strasberg” во Њу Јорк.

Сигурни сме дека Бранко ќе биде одличен и во главната улога во филмот „Луд научник“ за животот на Никола Тесла која допрво го чека.