17 Мај, 2024
0.0278

(ВИДЕО) ТРАМП ОТКРИ: Штом влезам во Белата куќа ќе ги направам овие работи!

Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Новиот американски претседател Доналд Трамп изјави дека првиот ден на преземање на власта ќе излезе од трговскиот договор за Транспацифичкото партнерство (ТПП)

„Побарав од својот транзициски тим да состави список на извршни активности кои можеме да ги преземеме уште првиот ден за да ги обновиме нашите закони и да ги вратиме назад нашите работни места“, рекол Трамп во видео порака во која ги најави приоритетите за првите сто дена власт.


„Кога се работи за трговијата, објавувам дека имаме план да се повлечеме од Транспацифичкото партнерство, потенцијалната катастрофа за нашата земја“, рекол Трамп.

„Наместо тоа ќе преговараме за склопување на билатерални трговски договори како би ги вратиле работните места и индустрија назад на американско тло“, рекол Трамп најавувајќиповлекување од трговскиот договор кој е потпишан во 2015 и кој вклучува 12 земји од тоа подрачје, а во кое не е вклучена Кина.

Спогодбата уште не е ратификувана, а кога би стапила на сила, би покривала 40 отсто до светската економија.

Трамп во својата видео порака објавена на социјалните мрежи наведува вкупно шест потези кои планира да ги повлече уште првиот работен ден во Белата куќа:

-повлекување од ТПП

-укинување на рестрикции во произведувањето на енергенти во САД што би требало да отвори милиони работни места.

-укинување на прописи кои се однесуваат на претприемништвото и воведување на правила на секој нов пропис да се укинат два стари

-нарачување на план за борба против кибернетички напади и сите други напади.

-наредување истрага за злоупотреба на визите со кои им се нанесува штета на американските работници

-воведување на петгодшина забрана за занимавање со лобистички работи за сите кои напуштат висока положба во државната служба

Аналитичари и бројни коментатори на социјалните мрежи по ред го истакнуваат она што Трамп не го спомена меѓу своите први потези-изградба на ѕид на границата со Мексико и укинување на Обамејкер.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра