(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА КАЈ ШАБАЦ: Се урна воен авион, еден загинат пилот, по другиот се трага
Објавено во: Балкан 07 Април, 2017
Школско борбен авион „супер галеб Г4“ на Војската на Србија се урна утрово на подрачјето на село Слатина кај Шабац, а еден пилот загинал, пишуваат српските медиуми.
Како што соопштило Министерството за одбрана, кое не ја потврдило уште смртта на пилотот, авионот се урнал околу 10.30 ч во текот на изведувањето на редовна летачка обука.
Во селото се екипи на Итна помош, а полицијата го обезбедува теренот.
Очевидци велат дека авионот ниско прелетал преку селото Варна и дека паднал во близина на помошните објекти на едно домаќинство.
Повредени на земјата немало.
Од Министерството за одбрана наведуваат дека во тек е акција на трагање по исчезнатиот пилот.
Видео од местото на несреќата видете тука.