(ВИДЕО) Тепачка изби во чешкиот Парламент
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2021
Teпачка се случи во чешкиот парламент. Независниот пратеник во долниот дом на Лубомир Волни, ги навредувал и нападнал неколку колеги.
До тепачката дошло при расправата на вонредната ситуација поради пандемијата на коронавирусот. Независните пратеници Лубомир Волни и Маријан Бојко го предизвикаа гневот на своите колеги уште на почетокот на седницата, откако денеска демонстративно дошле без маски, со што им се заканува казна од 400 евра. Кога социјалдемократот Томаш Ханзел му рекол на Бојко дека мора да се срами и побарал да стави маска, излегол Волни и го навредувал Ханзел и социјалдемократите дека се од „корумпирана партија“ по што бил предупреден дека ќе му биде исклучен микрофонот.
„Тогаш ќе дојдам да ви седнам во скутот и да кажам во вашиот микрофон“, порачал Волни.
Кога во помош скокнале и другите пратеници, следувала тепачка. Досега тепачки имало во косовскиот, турскиот, тајванскиот, украинскиот, венецуелскиот парламент.