Добивај вести на Viber
Поранешниот боксерски шампион Виталиј Кличко своите способности ги демонстрираше и на улиците на Киев. Кличко, кој е еден од лидерите на украинската опозиција, се судри со група агресивни демонстранти кои го нападнаа полицискиот кордон со стапови во обид насилно да влезат во зградата на парламентот.
Но не успеал да ја смири толпата. Незадоволни, демонстрантите го испрскаа со апарат за противпожарно гаснење. А тој се обиде да им врати со тупаници. Еве како изгледаше тоа:
http://www.youtube.com/watch?v=MjUWYKaVRAU
Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Киев, предизвикани поради контроверзниот закон за ограничување на правата на протсетите, траат повеќе од 16 часа, а медиумите пренесуваат дека има стотина повредени на двете стрени.
И покрај студеното време, на улицита има околу две илјади демонстранти од кои многумина од нив, носат гас маски, додека синоќа во протестите учествувале 200 илјади луѓе.