(ВИДЕО) Стравично невреме направи хаос во Црна Гора: Тиват и Котор под вода
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Големо невреме ја погоди Црна гора. Најпогодени се Котор и Тиват, а во тие градови улиците били поплавени и затворени за сообраќај.
Поради излевање на реките голем дел од сообраќајот бил во прекин.
Со часови, голем дел од општините на северот од Црна Гора биле и без струја.
Сепак, како што се наведува нема голема материјална штета а екипи на терен работат на отстранување на дефектите.
Foto: Opština Tivat