Видео: Страшен карамбол - Педесетина автомобили се судрија на снежно невреме
Објавено во: Свет 02 Март, 2018
Во сојузната американска држава Ајова се случи страшен карамбол откако дојде до судир на педесетина автомобили на магистрален пат.
Со намалена видливост и силни снежни наноси најпрво еден автомобил изгуби контрола на патот, па по него како на филмска лента се редеа и трупаа автомобили во купот.
Несреќата се случи во централниот дел на Ајова, а загина Дана Истер, возач на автобусот, а петмина завршија со телесни повреди.