(ВИДЕО) Српскиот министер за енергетика за малку ќе настрадаше – да не беше шлемот!
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2014
Во српскиот град Мајданпек е опасно, а тоа на своја кожа го почувствува и српскиот министер за енергетика Александар Антиќ. Тој денеска даваше изјава за медиумите од местото каде што работниците на српското Електростопанство се обидуваа да го исчистат од мраз и да го поправат далекуводот заради кој целиот град беше без струја четири дена.
Токму во тој момент, врз Антиќ паднало големо парче мраз, па министерот „ја спасил главата“ само затоа што носел шлем за заштита.
„Мислам дека можевте да видите какви се условите за работа. Постојано паѓаат санти мраз од столбовите и дрвјата“, рекол Антиќ, кој по кратка пауза продолжил да дава изјава за медиумите.
Од големото парче мраз, шлемот на министерот напукнал.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=a4rja9zZQnU[/embed]