Видео: Специјалци како Дедо Мраз упаднале во опасна нарко банда
Објавено во: Свет 15 Декември, 2016
Членови на злоогласената нарко банда Пинто во Перу непријатно биле „изненадени“ откако им упаднале Дедо Мразовци кои не дошле да им донесат новогодишни подароци, туку да ги уапсат.
Оваа операција е изведена со елемент на изненадувања и полицискиот командир Хорхе Лиус Ангуло посочил дека на тој начин го намалиле ризикот од можна вооружена престрелка и голем број на жртви.
Акцијата предводена од „Дедо Мраз“ била успешна и уапсени се четворица дилери, запленети се повеќе од 4.500 кесички кокаин и обезбедени се соодветни докази.