(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД МИТИНЗИ: Зошто Пендаровски не се поздрави со Ковачевски?
Објавено во: Македонија 09 Април, 2024
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од вчерашните митинзи на СДСМ и на нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.
На првото видео, пристигнува Пендаровски на митингот и почнува да се поздравува со присутните. Се поздравува со Бојан Маричиќ, со Моника Зајкова, со Стефан Богоев, а го прескокнува лидерот Димитар Ковачевски.
Второто видео, пак, кое масовно се споделува на социјалните мрежи, прикажува како кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, не ја пее македонската химна пред почетокот на вчерашниот митинг.