02 Мај, 2024
0.0342

(ВИДЕO) САД: Снегот престанува, ама однесе 13 животи!

Објавено во: Свет 21 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Снежното невреме во САД конечно започна да губи на интензитет, но претходно однесе 13 животи и затрупа цели населби со снежна покривка која на места е висока над два метра. На подрачјето на државата Њујорк околу Големите Езера само во претходните 24 часа наврнал половина метар снег. Иако, според Националната метеоролошка служба, одредени делови можат да очекуваат врнежи и во текот на утрешниот ден, тие ќе бидат со нешто послаб интензитет. „Сум бил во многу снежни бури, ама оваа е најлоша. Ова е најмногу снег што некогаш паднало во најкраток можен период“, вели 58-годишниот Чак Спекхт, жител на местото Марилја. Тој вели дека безуспешно се обидел да исчисти барем малку снег пред неговата куќа, затоа што снежната покривка достигнала дебелеина од 2,5 метри. Под тежината на снегот, дел од куќите се во опасност од уривање. http://www.youtube.com/watch?v=T3afIhdZ11s http://www.youtube.com/watch?v=2ALVYDEf-D8 http://www.youtube.com/watch?v=JJPm7CIqSho Во десет окрузи и натаму е на сила вонредна состојба, а возењето по многу сообраќајници е забрането. Властите го повикуваат населението да остане дома додека целосно не заврши пробивањето и расчистувањето на патиштата. http://www.youtube.com/watch?v=riC0g9OQ8BM Само од градот Бафало досега се одвезени 30.000 тони снег со 1.500 камиони. Повеќето од жртвите во снежното невреме починале од срцев удар додека се обидувале да го исчистат снегот, што според здравствените власти е честа појава. Но, ова не е крај на лошите вести за жителите на оваа област. Метеоролозите најавуваат дека температурите на воздухот би можеле нагло да пораснат - од денешните минус два на плус 11 веќе в сабота и над 15 степени в недела. Заради ова се стравува од брзо топење на огромните количества снег, кое може да донесе поплави.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа