(ВИДЕО) Проектил истрелан кон полициска станица во Турција
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2017
Врз полициска станица во Истанбул вчера е истрелан проектил од рачен фрлач, кој ја промашил целта, објави Си-Ен-Ен Турк.
Полициската станица врз која била нападната се наоѓа во дистриктот Фатих, во европскиот дел од градот. Според првичните податоци, гранатите не допреле до зградата.
Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.