(ВИДЕО) Припадник на мафијашки клан загина при експлозија на автомобил
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2019
Eксплозија на автомобил ja потресе Подгорица.
Во центарот на градот денеска е убиен еден човек.
Мажот во болница е донесен во тешка состојба, а лекарите не успеале да го спасат.
Се работи за Никола Чупиќ (33), кој во полиција се водел како „безбедносно интересно лице”, блиско со цетинските криминални групи. Претходно полицијата од него одземала пиштол.
Бомбата е поставена под автомобил „тојота“ со цетински регистарски таблички, објавија црногорски медиуми. Чупиќ неколку минути лежел на улица и барал помош.
Полициските патроли на Подгорица трагаат по сторителите.
Со месеци трае пресметката на мафијашките кланови во земјата, а само за една година загинаа во експлозии на бомби или се убиени десетина припадници на овие кланови.