18 Мај, 2024
0.0282

(ВИДЕО) ПОТЕГ НА ДЕНОТ: Вака Ѓоковиќ го полуде Вавринка!

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Натпреварот на полуфиналето на Австралија опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Станислав Вавринка го одбележаа, покрај петте сетови борба и триумф на српскиот ас, некои атрактивни поени, а оној кој се издвојува се одигра во вториот сет при резултат од 4:2 за швајцарскиот тенисер.

„Читањето“ на Новак што ќе направи ривалот во таа состојба беше маестрално, речиси го одбележа овој полуфинален дуел и го полуде Вавринка кој пропушти три зицери да постигне поен.

Љубителите на тенисот пак во Велика Британија воопшто не го посакуваа Новак во финалето на Австралија опен, во кој ќе настапува и нивниот фаворит Енди Мареј.

Во текот на полуфиналната средба во која српскиот тенисер го совлада бранителот на титулата Станислав Вавринка, и тоа после пет сетови на голема борба, британскиот јавен медиумски сервис Би-Би-Си ги запраша тамошните љубители на тенисот кој би сакале да го видат за ривал на Мареј во неделното финале.

Повеќето од оние кои учествуваа во анкетата гласале за Швајцарецот.

Поточно 65,5 одсто односно две третини го посакувале Вавринка во финалето а 35,5 % Ѓоковиќ.

„Тоа се само пусти желби. Нормално е Британците да сакаат полесен противник за својот фаворит“, рекол прославениот српски експерт Радмило Арменулиќ.