(ВИДЕО) Полицаец херој успеа да спаси дете кое паѓаше од трети кат
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2018
Се појави видео на интернет на кое се гледа како еден од полицајците чувар на банка во египетскиот град Асјуту, спасува дете кое штотуку паднало од третиот кат од околна зграда.
Кога го забележаа детето, полицајците сакаа да го рашират платното за спасување, но за тоа немаше време. Еден од нив само ги испружи рацете и го фати детето.
Детето не е повредено, а полицаецот херој се здобил со полесни повреди.