Добивај вести на Viber
Српската кошаркарска легенда Владе Дивац доби авион со негово име во флотата на „Ер Србија“. Авиокомпанијата, која е наследник на некогашниот ЈАТ, во октомври ја претстави својата програма „Живи легенди“ во која 14 авиони ќе добијат имиња според славни личности во спортот, културата и музиката во Србија.
Прв кој доби ваков авион беше тенисерот Новак Ѓоковиќ, а од денеска меѓу „Живите легенди“ се запиша и некогашниот НБА кошаркар Дивац. Првата дестинација на авионот од типот „Ербас 320“ беше аеродромот „Хитроу“ во Лондон.
http://www.youtube.com/watch?v=aZaobxmxELw