03 Мај, 2024
0.0306

(ВИДЕО) Платформа која го одзема здивот во една секунда!

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Посетителите на националниот парк Џаспер во Канада овој месец имаат можност речиси да „одат по облаците“, бидејќи е отворена нова платформа која го одзема здивот и им овозможува на посетителите да одат стотици метри над земјата.

За оваа авантура потребно е да издвоите 24,95 долари, колку што е цената за возрасни. Цената на билетот за деца на возраст од 6-16 години е 12,50 долари, додека деца под 6 години имаат право на бесплатна турнеја.

Најголемиот национален парк во канадскиот дел од Карпестите Планини доби нова атракција која со сигурност ќе ги воодушеви посетителите и ќе им донесе доза на возбуда во магично природно опкружување.

Се работи за набљудувачка платформа симболично наречена „Глечер Skywalk“, кој е изграден од челик и стакло, а чија изградба чинела нешто повеќе од 19 милиони американски долари.

Неверојатно платформа, која е во форма на лак која се отклонува на работ на карпите, е поставена на висина од 274 метри над долината Санвапта низ која тече истоимената река.

Посетители кои ќе се осмелат да одат преку оваа платформа, ќе мора да чекорат на стаклен под, под кој се наѕира долината, додека од сите страни е опкружена со поглед на едни од најубавите предели на Канада.

Оние кои сакаат да се опуштат во оваа авантура, прво ќе треба да резервираат билет за автобус кој ќе ги одведе до стрмната падина „Дискавери Траил“.

За оваа авантура потребно е да издвоите 24,95 долари, колку што е цената за возрасни. Цената на билетот за деца на возраст од 6-16 години е 12,50 долари, додека деца под 6 години имаат право на бесплатна турнеја.