Видео: Пијан возач косеше се пред себе на „Књаз Михајлова“
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2017
Пијан возач со автомобил влета во пешачката зона на познатата белградска улица „Књаз Михајлова“ каде има голем број на кафулиња и ресторани.
Утрово околу 7 часот, 31- годишниот В.С. со автомобил ја удри 21-годишната Драгана Станковиќ, која за влакно ја избегна смртта.
Утврдено е дека В.С. кој на крај заврши во челичен солб, имал 2.3 промили алкохол во крвта.
Наводно, на „манијачкото возење“ му претходела тепачка во близина, па бркајќи ги момците кои го нападнале, влетал со автомобил на пешачката зона.