(ВИДЕО) Пензионер живее во куќа од отпаден материјал и сам си прави струја
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2017
Пензионер од Бугарија кој работел како машински техничар, сега сам си обезбедува струја.
Тој одлучил да го напушти градот, институциите и да не должи ништо - ниту за струја, ниту за храна.
Се радува на нулта сметки и тврди дека живее еколошки.
Куќата му е целосно направена од отпаден материјал. Ова сепак не го спречува да се качува неколку ката нагоре.
„Многу малку средства сум вложил. Куќата ја почнав околу 2000-та година“ - раскажува пензионерот.
Има и сопствен рибник, одгледува овошје и зеленчук. Тој живее самостојно, нема потреба од никого и од никакви услуги.