(ВИДЕО) ОВА СИТЕ ГИ ЗАЧУДИ: Река од камења се спушта од планина
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2018
Надојдена река со камења отсече од свет осум фарми на Нов Зеланд.
Оваа „река од камења“ се спушти од планина, а циклонот Гита предизвика ерозија.
Дона Филд која го снимила видеото од оваа река вели дека 2-3 години состојбата била стабилна, а потоа земјиштето станало активно.
Камењата никого не повредиле, но луѓето останале отсечени додека да се исчисти коловозот.
Во делови на Нов Зеланд по Гита имаше поплави, а дел од луѓето беа евакуирани.
Десетина училишта се затворени, а илјадници домови се без струја.
Нов Зеланд има највеќе ерозии на светот, а монсунските дождови дополнително отежнуваат.