(ВИДЕО) ОВА СЕ ВИКА РАБОТА: За само девет часа изградија цела пруга?
Објавено во: Свет 01 Март, 2018
Железничка станица во Фуиџан во Кина ја изградиле 1.500 работници за само девет часа.
Работниците се распоредени во седум групи кои работеле од 18:30 до околу 3 часот наутро следниот ден.
Кон крајот на минатиот месец е изградена железничката станица Нанлонг во градот Лонгјан.
Брзата железничка линија ќе биде отворена кон крајот на 2018 година. Таа ќе биде долга 246 километри и ќе ги поврзува градовите Лонгјан и Нанпинг, со што ќе стане главна транспортна врска меѓу југоистокот и централна Кина. Линијата ќе поддржува возови со брзина до 200 км/ч.