(ВИДЕО) ОДМАЗДА ИЛИ ПОРАКА: Во центарот на Москва изгореле 12 Бентли, Ролс-Ројс и Мерцедес автомобили!
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2014
На еден паркинг во центарот на Москва синоќа изгореле 12 луксузни автомобили на ист сопственик, рекли извори од полицијата за агенцијата Итар Тасс.
„Пожарот се случил околу 6 часот наутро. Меѓу запалените автмобили имало „бентли“, „Ролс-Ројс“ и „Мерцедес“.
„Полицијата не ја исклучува можноста за подметнат пожар“, рекол извор од полицијата. Московското одделение за итна помош ги потврдило овие наоди, но не дало прецизни информации.