02 Мај, 2024
0.0272

(ВИДЕО) Нуркачи наидоа на застрашувачка сцена во близина на потонат брод

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Застрашувачки подводни снимки од дното на морето објави италијанската телевизија Република снимајќи ја тажната судбина на повеќе од 300 имигранти кои загинаа минатата есен кога потона брод во близина на Лампедуза.

Полициските нуркачи го истражуваа потонатиот брод и снимија тела од имигрантие кои не успеале да го преживеат потонувањето. Во еден дел од бродот здогледале глетка која им го скршила срцето, пар кој не се раздвоил еден од друг и после смртта.

Бродот со имигрантите од Африка го зафатил пожар и потонал во септември минатата година, три километри од брегот на островот Лампедуза, при што загинале 366 имигранти, воглавно од Сомалија и Еритреја.

Лампедуза е најјужниот италијански остров, па од 90-тите стана цел на бројни афрички имигранти во потрага за подобар живот.

Само оваа година во Италија пристигна брод од Африка со повеќе од 36.000 бегалци.

Според податоците на невладините организации, помеѓу 17.000 и 20.000 имигранти ги изгубиле животите обидувајќи се да го препливаат Средоземното море во последните 20 години.