Видео: Нови закани од тероризам, евакуирана болница во Париз
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2016
Дел од Европската болница Жорж Помпиду беше евакуиран денеска по закана за поставена бомба. Според она што беше кажано од службата на најголемата болница во Париз, тоа е „мерка на претпазливост”, јавува дописникот на МИА од Париз.
До евакуацијата на дел од болницата дојде по анонимен повик. Потоа интервенираа силите на редот, кои вршат проверка на болницата. Итните случаи се пренасочуваат кон другите париски болници. Токму во оваа болница беа пренесувани повредените и жртвите од ланскиот масакр во салата Батаклан,