(ВИДЕО) НОВИ ДЕТАЛИ: Авионот во Колумбија се урнал по грешка на пилотот?
Објавено во: Свет 02 Декември, 2016
Пилотот од авионот кој се урна во понеделникот во Колумбија Мигел Кирог Муракамиј направил кобна грешка бидејќи одлучил да не дополни гориво успат и што од контролата на летот на аеродромот во Меделин не побарал веднаш „принудно слетување“ туку влегол на „чекање“.
Пилотот на авионот наводно бил предупреден пред полетувањето од аеродромот во Боливија дека можеби нема да има доволно гориво, објавија денеска боливиски медиуми, Таа информација ја објавил весникот Дебер повикувајќи се на неименуван претставник од аеродромот.
Претставникот тоа го изјавил врз основа на планот за лете, пренесе БиБиСи.
РТ наведува дека пилотот одлучил да го прескокне планираното дополнување на гориво бидејќи доцнел. Во несреќата загинаа 71 личности, меѓу кои и фудбалери од бразилскиот тим Шапекоенсе, а шестмина преживеаа.
Momento donde se pierde contacto radar con la aeronave que transportaba al equipo Chapecoense. pic.twitter.com/C59eXyOoEZ
— Andres Felipe Arcos (@AndresFelipe) November 29, 2016
Колумбиските претставници вчера соопштија дека се повеќе докази упатуваат на тоа дека авионот, кој паднал во централните делови на земјата, се урнал бидејќи останал без горвио и дека сега истрагата треба да разјасни зошто се случило тоа.
Шефот на цивилната авијација Алфредо Боканегро рекол дека прелиминарната истрага покажува дека во авионот во моментот на ударот немало гориво.
„Истрагата сега треба да разјасни зошто тоа се случило“, рекол тој на конференцијата за новинари.
Тоа ги потврдува наводите на пилотот на авионот, како што е забележано на снимката на разговорите со контролата на летање, дека останал без гориво пред кобниот пад во Андите.
Претставници од цивилната авијација рекол дека по правило, авионот мора да има во резервата гориво кое е доволно за дополнителни 30 минути лет како во случај на опасност би можел да стигне до алтернативен аеродром.
Во овој случај не било така. Претставниците на Боливија ги суспендирале летовите на авио комапнијата Ламиа, чиј авион во вторниот се урна во Колумбија, и го смениле раководството на компанијата.