18 Мај, 2024
0.0278

(ВИДЕО) Нова снимка од тепачката на Закинтос: Обезбедувачот на локалот проговори и раскажа што се случи кобната ноќ

Објавено во: Балкан 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми објавија нова снимка во која е убиен туристот од САД на Закинтос, после што се уапсени девет луѓе, меѓу кои и седуммина српски државјани.

Грчкиот портал „Прото тема“ објави снимка од безбедносната камера од еден кафе бар откаде се гледа целиот тек на тепачката.


После десеттина секунди на снимката во кадар се појавува Бакари Хендерсон, кој го турка едно момче. Американецот удира во паркиран автомобил, потоа група момчиња го буткаат на земја и шутираат десеттина секунди.

Набрзо неколку момчиња ја прекинуваат тепачката и ги оттуркуваат другите момчиња. Тепачката престанува, а на остатокот од снимката се гледа како на Хендерсон се обидуваат да му помогнат.

Истиот портал ја објави и изјавата, како се наведува од „српскиот обезбедувач“, кој ја „прекинал тишината и раскажал што се случило“.

„Таа вечер имаше гужва во клубот. Хостесата која била со српско потекло, имала слободен ден, но дошла во клубот, каде се дружела со Американците, меѓу кои била и жртвата. Зборувала со нив, се шегувала и добро забавувала. Во клубот во тој момент биле и многу Срби, од кои еден и пришол на девојката и рекол: „Зошто се дружиш со Американците? со заканувачки тон. Американецот вербално изреагирал, а Србинот му задал удар в лице. Тогаш Американецот земал шише и го удрил Србинот во глава. Тогаш почнало се. Девојката почнала да ги разделува, а жртвата по грешка ја удрила девојката со лактот и нејзе почнало да и тече крв. Дојде да ми бара помош а јас влетав да ги раздвојам. Почнаа да летаат пепелари, а Американецот излезе од локалот и почна да трча, а по него тргнаа и момците од српската екипа, јас и грчкиот бармен. Се сеќавам дека го удрив со два три бокса во лице и по тело, но не по глава. Кога јас си заминав, масата Срби немилисрдно продолжи да го тепа по цела глава и тело“, рекол српскиот обезбедувач за сајтот Protothema.gr. 

Претходно, адвокатката на еден од осомничените Зора Добричанин рекла дека „постои“ поволна снимка и дека ќе инсистира постапката да се води на српски јазик.

„Колегата адвокат од Закинтос ми рече дека постои снимка и дека сето тоа што се гледа на снимката е многу поволно од она што пишува во обвинувањето. И дека на таа снимка детално се гледа однесувањето на секој од обвинетите“; наведува Зора Добричанин.

Српската министерка за правда Нела Курубовиќ изјавила дека српските органи се во контакт со семејствата на уапсените на Закинтос и дека ја следат ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово