10 Мај, 2024
0.0268

(ВИДЕО) НИВНИТЕ ПАРИ СЕ КРВАВИ: Овие 5 семејства би сакале да заборават како ги создале своите империи!

Објавено во: Свет 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Многу големи компании сакаат да ги заташкаат своите мрачни истории на соработка со нацистичкиот режим.

Се е дозволено во љубовта и војната е стара поговорка, но и изговор кој бројни поединци го користат како би го оправдале фактот дека се склони кон погрешна страна. Така е и со бројни компании кои сакаат да ја заборават својата соработка со нацистите.

Семејство Витон


Како што пишува порталот Listverse, продавницата на Луј Витон е единствена која во текот на целата Втора светска војна успешно работела во Хотел ду Парк во Вишиј. Тоа било седиште на маршалот Филиа Петен и неговата марионетска влада која ја управувал, со нацистички благослов, во помалиот дел на Франција. Хенри Гатсон, внук на славниот Витон, често престојувал во блискиот кафе бар, инаку омилено собиралиште на Гестапо, а дури бил и меѓу првите Французи со одликувањето на Петен.

Фердинанд Порше

Денес името Порше е поврзано со брзи и скапи автомобили, но некогаш тоа не било така. Фердинанд Порше бил уверен нацист. Кога Адолф Хитлер ја преземал власта во почетокот на триесетите години на минатиот век, Порше предложил изработка на мал и евтин автомобил, вистински народен автомобил. На германски , Фолксваген. Така во 1934 година настанала бубата на Фолксваген.


Со децении подоцна, бубата е еден од најпопуларните автомобили на сите времиња. Проценките велат дека се произведени околу 23 милиони популарни буби. Во време на нацистичка Германија, Порше имал проблеми со работната сила, а властите му скокнале во помош и во фабриката во Волфсбург му праќале воени заробеници.

Кристобал Баленциаго

Баленциаго денес е поим на луксуз кога се работи за венчаници, но во Втората светска војна одлично поминал откако нацистите барале испорачување на сите Евреи како би и дозволиле на француската модна индустрија да остане во татковината. Баленциаго успешно работел во текот на нацистичката окупација, а големиот успех може да му благодари на фактот дека бил одличен пријател со сопругата на тогашниот шпански диктатор генерал Франциско Франк.

Хуго Бос

Хуго Фердинанд Бос, основач на славната модна марка Хуго Бос, бил уверен нацист и во целост ја поддржувал партијата на Хитлер. Компанијата во своите почетоци произведувала униформи за полицијата и поштарите, но еден од првите големи бизниси бил изработка на злогласни смеѓу униформи за раните нацисти. Подоцна произведувале и униформи за омладината на Хитлер, и на крај ги работеле злогласните црни униформи на СС.

Рокефелери


Хитлеровата фасцинација со еугеникот и потрагата за совршени примероци на суперлуѓе не била ништо ново во свето. Дури, во раниот 20 век половина од сите присилни стерилизации се произведени во Калифорнија. Рокефелери преку своите фондации учестувале во сето тоа.

Коко Шанел


Денес дизајнерката е повеќе позната по торбичките, раскошните фустани и веќе досадниот мирис Шанел No 5. Многумина сепак би ги изненадило да знаат дека таа некогаш била нацистичка шпиунка. Политиката општо не ја интересирала премногу, но ја привлекувала моќта. Така станала љубовница на офицерот на нацистичката разузнавачка служба. Додека нацистот и овозможил дизајнерски луксузен живот, таа за него шпиунирала по Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!