15 Мај, 2024
0.0317

(ВИДЕО) НЕ ДЕМНЕ УБИЕЦ ПОЛОШ ОД НУКЛЕАРНА БОМБА: Предупредување на Бил Гејтс кое може да „удри“ врз милиони луѓе

Објавено во: Свет 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Терористите би можеле да збришат 30 милиони луѓе доколку дојде до биотерористички напад, предупредува најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс.

Причината за се поголема можност на ваков напад лежи во тоа што, како што наведува Гејтс, денес е полесно од некогаш да се создадат и прошират смртоносни вируси.

Основачот на Мајкрософт во последните месеци чести во своите јавни настапи предупредува на фактот дека епидемијата од смртоносни респираторни вируси била поопасна дури и од нуклеарен напад.

Тој, како се наведува , смета дека сега е поважно од било кога да им се помогне на државите во следење на болести испречување глобални трагедии.


„Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемијата“, рекол Гејст.

Тој додал дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите да можат многу полесно да создадат болести како смртоносни божици.

„Тоа би можело да предизвика смрт на 10 милиони луѓе, а толку голем број на жртви не би предизвикал ни напад со нуклеарно оружје. Така да е најголем ризикот од природно предизвикани епидемии или намерно поредизвикан биотерортсички напад“, предупредува Гејтс и додава дека вирусот кој брзо се шири низ воздухот би можел за година дена да убие и повеќе од 30 милиони луѓе.

„Мораме сериозно да размислуваме за тие ризици“, рекол Гејтс.

Како што наведува, патувањата на луѓето по светот значи дека во иднина епидемиите можат да бидат уште посмртоносни и од шпанскиот грип во 1919 година од кој тогаш починале 100 милиони луѓе.

„Во следните 20 години ќе имаме епидемии многу полоши отколку што било со вирусот ебола, или зика вирусот и постои шанса тоа да биде епидемија во облик на грип“, рекол Гејтс нагласувајќи дека „здравствената криза некаде“ значи „здравствена криза секаде“.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?