13 Мај, 2024
0.0246

(ВИДЕО) Научниците сложни: Цртежот на оваа школка би можел да ја промени историјата на човештвото!

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Примерокот пронајден на фосилизирана школка во Индонезија можеби е најстариот запис на човечките претци, тврди тим на научници од холандскиот универзитет во Леиден. Врежаниот цртеж, кој може да се види само под одредено осветлување, е стар најмалку 430 000 години, што значи дека го направиле одамна измурените човечки претци Homo erectus. Досега е најстар и познат човечки запис кој настанал пред 130 000 години.

Ако бидат потврдени резултатите од истражувањето кои се објавени во магазинот„Nature“, би можело од корен да се промени нашето сфаќање за развојот на човечката култура.

„Ова би можело да доведе до „ново пишување на човечката историја“, изјавил за Би-Би-Си Стефан Мунро, истражувач од Австралискиот национален факултет и еден од авторите на ова истражување.

Научниците проучиле стотици фосили на слатководни школки кои на брегот Јава ги пронашол и собрал холандскиот истражувач Евгени Дубоа кон крајот на 19 век, а кои денеска се чуваат во Центарот за биоразновидност на музејот Натуралис во Леиден.

Во текот на постапката на датирање, истражувачите откриле дека врежаниот цртеж од примерокот претходи на процесот на фосилизација на школки, т.е дека е стар помеѓу 430 000 и 540 000 години.

Мунро рекол дека ова откритие ја потврдува теоријата дека Homo erectus бил многу повеќе снаодлив и интелегентен отколку што досега се верувало.

„Кога видиме нешто слично, без разлика дали станува збор за уметничко дело или симболичен знак, тоа веднаш го препишуваме на себе си, како нешто својствено само за модерниот човек“, напоменал Мунро.

  И.Р

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН