16 Мај, 2024
0.0268

(ВИДЕО) НАПАДНАТА И ПОЛЕАНА СО ВОДА: Таа на избори ќе се трка со Путин

Објавено во: Свет 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кандидатката на претседателските избори во Русија, Ксенија Собчак вчера е нападната, полеана со вода и турната на земја. 

За нападот информираа претставници на нејзината изборна кампања.

Полицијата го привела напаѓачот и го идентификувала како член на градскиот совет на Москва.

Инцидентот се случи неколку дена откако Ксенија Собчак за време на телевизиска дебата го полеа со вода кандидатот на ултранационалистите Владимир Жириновски.

Во соопштението објавено на сајтот на кампањата на Собчак е наведено дека мажот што ја полеа со вода на влезот на еден хотел во Москва кажал: „Ова е за Жириновски“.

Таа е ќерка на Анатолиј Собчак, поранешниот градоначалник на Сант Петербург и ментор на рускиот претседател Владимир Путин.

Исто така е учесничка на антивладини протести и често ја критикува власта, но главно избегнува да го критикува самиот Путин.

Жириновски е 71-годишниот лидер на националистичката Либерално демократска партија на Русија познат по ксенофобичните изјави. 

На претседателските избори кои во Русија ќе се одржат на 18 месецов има осум кандидати, вклучувајќи го актуелниот претседател, Владимир Путин. Неговата победа на изборите е извесна имајќи го предвид рејтингот од над 80%. 


Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?